На сред војна со Израел: Иранскиот парламент го одобри сеопфатниот договор за партнерство со Русија

Од:

Иранскиот парламент официјално го одобри Сеопфатниот договор за стратешко партнерство со Русија, објави денес иранската амбасада во Москва.

Како што е наведено, страните се обврзуваат да ја продлабочат и прошират соработката во сите области од заеднички интерес, вклучувајќи ја безбедноста, одбраната, како и координацијата на регионално и глобално ниво – сè во долгорочна стратешка рамка.

„Претседателот на парламентот Мохамед Багер Галибаф го испрати одобрениот договор до претседателот Масуд Пезешкијан во форма на закон“, објави иранската амбасада преку Телеграм, објавија руските медиуми.

По ратификацијата од страна на парламентот, договорот беше потврден и од Советот на чувари на Уставот – највисокото надзорно тело кое ја проценува усогласеноста на законите со уставот и шеријатскиот закон.

Договорот меѓу двете земји беше потпишан на 17 јануари за време на официјалната посета на претседателот Пезешкијан на Москва.

Би можело да ве интересира

Украина: Руските сателити му помогнаа на Иран да избере цели на Блискиот Исток

Русија: Неиспровоцираниот напад претрпе тежок пораз

Хегсет: Иран побара прекин на огнот

Трамп тврди дека е постигнат договор меѓу САД и Иран за нуклеарниот материјал: „Ќе го ископаме заедно!“

Би-Би-Си: Примирјето со Иран е делумна победа за Трамп, но доаѓа со висока цена

Револуционерната гарда го држи „прстот на чкрапалото“