На сопственикот на опожарениот бар во Кран Монтана му е одреден тримесечен притвор

Од:

Кантоналниот суд на швајцарскиот кантон Вале денеска му одреди притвор на сопственикот на луксузниот бар „Констелејшн“, Жак Морети, каде што 40 лица го загубија животот во пожарот на новогодишната ноќ.

На сопственикот на барот лоциран во луксузниот одморалиште Кран-Монтана му е одреден тримесечен притвор, со можност за продолжување, објавува „Темп“.

Сопственикот на барот претходно им кажал на истражителите дека вратата за помош на посетителите била заклучена одвнатре.

Првите наоди укажуваат дека пожарот е предизвикан од контакт на прскалките со звучноизолационата пена поставена на таванот од подрумот на зградата.

Истрагата, исто така, испитува присуство и достапност на противпожарни апарати, како и дали излезите од барот биле во согласност со прописите.

Во врска со присуството на малолетници, Морети изјави дека барот забранува влез на лица под 16 години, додека гостите на возраст од 16 до 18 години мора да бидат придружени од возрасно лице.

Тој додаде дека дал соодветни упатства на обезбедувањето, но дека е можно да имало пропуст.

Двојката е осомничена за „убиство од небрежност, телесна повреда од небрежност и палење од небрежност“.

Би можело да ве интересира

Швајцарците го отфрлија предлогот за ограничување на бројот на жители на 10 милиони

A1on

Нападот на железничката станица во Швајцарија е терористички чин

А1он

Европол: Десет членови на криминалната организација „Црна секира“ уапсени во Швајцарија

Швајцарија воведува нов данок: Веќе нема бесплатно

(ВИДЕО) Се урна гондола во швајцарски скијачки центар – еден патник загина

А1он

Градоначалникот на Кран-Монтана е меѓу осомничените за пожарот во кој загинаа на 40 луѓе