На следниот попис Непал воведува и трет род

Од:

На следниот попис на населението Непал ќе воведе трет род и првпат припадниците на ЛГБТ популацијата ќе се смета како малцинска група при вработување и во образованието.

ЛГБТ популацијата во Непал, како што пренесува Бета, одамна бара при пописот на населението да се вбројат и сексуалните малцинства. Непалските закони пропишуваат посебни квоти за малцинства при вработување, запишување во училиште и на факултет и остварување на права на бенифиции во здравствената заштита, но ЛГБТ заедницата вели дека поради непостоењето на податоци во пописот, тие се изоставени од таквите програми.

Претставникот на Државниот завод за статистика Дунди Реј Ламичејн информираше дека пописот е планиран за летото 2021 година, а пробен попис ќе се одржи следниот месец во неколку окрузи. Тогаш граѓаните ќе можат да се изјаснат како машки, женски или некој друг род.

Активистите ги поздравија најавените промени, иако се однесуваат на родовиот а не на сексуалниот идентитет.

Непал има околу 29 милиони жители, а според проценките, ЛГБТ заедницата брои околу 900 илјади луѓе.

Би можело да ве интересира

Приведен радовишанец кој превезувал осум мигранти од Непал

A1on

Најмалку 100 луѓе загинаа во поплавите во Непал, 67 се водат како исчезнати

Повторно избегаа Непалци вработени во фирма во Охрид

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се урна авион во Непал, 18 мртви

Во Скопје „исчезнаа“ работници од Непал

Горан Наумовски

Десет работници од Непал исчезнале од Скопје и од Тетово за неколку часа

A1on