Светот утре го одбележува Светскиот ден на исчезнати деца. Во западно-европските змеји овој ден е подеднакво важен како и Денот на мајката и Светскиот ден на таткото. Само во Велика Британија се проценува дека 14 илјади дечиња исчезнуваат секоја година. Тоа значи дека на секои три минути исчезнува по едно дете, само во островското кралство.
Случајот на Медлин Мек Кејн која исчезна 2007-та во Португалија, ги поттикна светските полициски власти но граѓаните да ја потенцираат потребата од создавање организации кои ќе помагаат да се спречат исчезнувањата, но и пронаоѓањето на исчезнатите дечиња.
Основачот на светската асоцијација на родители на грабнати деца, Кетрин Маер чиј сопруг ги грабна нејзините две синчиња и таа ги немаше видено 9 години, потенцираше дека светот мора да биде свесен дека ова е огромен проблем. Маер вели дека поголемиот дел од луѓето не се свесни за застрашувачката статистика за исчезнати деца.
Таа вели дека во последните години она што особено загрижува се исчезнувањата на тинејџери, кои иако полицијата во поглем број ги третира за нивно доброволно бегство од дома, напротив се насилни грабнувања. Тие побара сите земји во светот да се вклучат во кампањата која ја промовираа САД, а ја нарекуваат „картонска кутија млеко“.
Доколку насекаде во светот исчезнатите дечиња се најдат на опаковките од млеко, лицата на овие деца ќе се најдат во милијарди домови низ светот, што секако би го олеснило нивното пронаоѓање. Оваа организација побара во акцијата да се вклучат таксистите, супер маркетите, големите стоковни куќи.
Она што е интересно дека при истакнувањето на вакви плакати на сите јавни и добро посетени места, токму и најмладите се оние кој најмногу би помогнале. Статистиката покажала дека токму децата најдобро ги меморираат лицата на исчезнатите и дека најлесно ги препознаваат доколку ги видат.