На Самоа прогласена катастрофа поради налет на циклон

Од:

Владата на Самоа прогласи состојба на катастрофа откако циклонот Еван опустоши на Јужен Пацифик, уништи згради и предизвика големи поплави.

Полицијата во Самоа соопшти дека најверојатно во налетот на циклонот неколку деца се удавиле. Засега официјалниот број на жртви е две лица.

Еван предизвика лизгање на земјиште и материјална штета, а прекинато е и напојувањето со електрична енергија.

Властите тврдат дека тоа било најлошо невреме што го погодило тој регион во изминатите неколку години. Властите стравуваат дека циклонот може да добие на интензитет – до петта категорија и да ги погоди Фиџи.

– Целата држава е без струја. Целосно се уништени постројки на електро-дистрибуцијата и можеби нема да имаме струја во следните две недели, соопштија од Бирото за управување во време на катастрофи. Циклонот Еван се очекува да ги погоди Фиџи в недела.

Би можело да ве интересира

Бројот на жртвите од невремето во САД се искачи на пет

(ВИДЕО) Големо невреме во Грција, силните ветрови корнеа дрвја, многу автомобили се превртени

Повеќе од 25.000 домови во Австралија без струја поради невреме

Извлечени завеани пет малолетни и едно возрасно лице од село Рајчани

3,5 милиони евра за снегот и мразот по улиците, но сумата допрва ќе расте

ВИДЕО: Снежно невреме ја парализираше Велика Британија, откажани летови и во Германија

Катерина Ѓуровски