Нивото на реката Влтава во јужниот дел на Чешка од синоќа повторно е зголемен и достигна трет степен на опасност од поплави, јави дописникот на МИА од Прага.
Според Чешкиот хидрометеоролошки завод (ЧХМУ), прв степен на опасност од поплави има на неколку десетици речни текови во Републиката, а втор степен на ризик од поплавување е прогласен на реката Лаба во местата Усти над Лабем и Дјечин.
Тој регион, Устецкиот, беше највеќе зафатен со поплавите минатата недела поради поројните дождови каде беа загрозени околу седумдесетина општини. Своите домови ги напуштија 11.000 луѓе и штетите беа проценети на повеќе од 120 милиони евра.