Четири луѓе беа убиени вчера во протестите во Боливија со што бројот на жртви од почетокот на кризата во крајот на октомври се најмалку 23, соопшти Интерамериканската комисија за права на човекот.
„Од петокот досега убиени се девет луѓе и ранети најмалку 122“, нагласи комисијата на Твитер. Таа е орган од Организацијата на американски држави.
Освен тоа, комисијата изрази загриженост од указот на времената претседателка на државата Хенин Ањес која и дозволи на армијата да учествува во зачувувањето на редот без да сносат одговорност.