Ерменската полиција приведе 53 демонстранти во Ереван кои бараа оставка од премиерот Никол Пашинјан.
Демонстрантите ги блокираат улиците на Ереван, обидувајќи се да ги парализираат сообраќајните врски во градот.
Протестите во главниот град на Ерменија не стивнуваат од минатиот вторник, кога Азербејџан започна воена операција во Карабах. На Плоштадот на Републиката во центарот на Ереван, демонстрантите бараат оставка од премиерот Никол Пашинјан, кој го призна Карабах како дел од Азербејџан. Одвреме-навреме има судири и тепачки меѓу демонстрантите и полицијата.