Суд во Бразил поведе постапка против поранешниот претседател Луиз Инасио Лула да Силва, под обвиненија за земање поткуп во врска со активности на градежната компанија „Одебрехт“ во Ангола.
Како што пренесуваат британските медиуми, Лула веќе е обвинет за корупција, перење пари и спречување на правдата во врска со коруптивната шема во државната нафтена компанија „Петробраз“.
Актуелната судска одлука е поврзана со обвинение против поранешниот претседател и други лица за земање поткупи во вредност од 30 милиони реали (9,3 милиони долари), за да помогнат во обезбедувањето на нискокаматно банкарско финансирање за проектите на „Одебрехт“ во Ангола.
Адвокатите на Лула ги отфрлија обвиненијата.