На митингот на Ердоган во Истанбул дојдоа 1,7 милиони луѓе

Од:

На аеродромот Ататурк во Истанбул се одржа митинг на владејачката Партија на правдата и развојот (АК), на кој присуствуваше и претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган.

На митингот се собраа повеќе од 1,7 милиони луѓе, јавува Анадолија.

Митингот беше организиран во пресрет на парламентарните и претседателските избори кои се одржуваат на 14 мај. Пред присутните се обрати претседателот на АК Партијата, Ердоган, кој е и кандидат на претстојните претседателски избори. Ердоган најави голем број големи проекти во Истанбул, вклучувајќи го и „Големиот тунел на Истанбул“.

„Со „Големиот тунел на Истанбул“, дополнително ќе го збогатиме транспортот во градот, поврзувајќи 11 различни железнички линии што ќе ги користат 6,5 милиони граѓани дневно. Ние го спроведуваме нашиот проект за голем тунел во Истанбул. Овој проект ќе биде трет тунел да помине под Босфор“, рече Ердоган.

Турските граѓани на 14 мај ќе гласаат на претседателските и парламентарните избори, а ќе избираат меѓу четворица претседателски кандидати, 24 политички партии и 151 независен кандидат за пратеници.

Право на глас имаат 64,11 милиони луѓе. Ердоган, Мухарем Инџе, Кемал Киличдароглу и Синан Оган се кандидати за претседател на Турција.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Турција може да биде идеално место за мировни преговори Украина-Русија

(ВИДЕО) Млада Турчинка ги истетовира очите на Ердоган на своето чело

Ердоган: Трамп прави погрешни пресметки во однос на Појасот Газа

Автобуска несреќа во Турција, повредени се повеќе од 30 луѓе

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Се урна зграда во Турција, има луѓе заробени во урнатините

А1он

Бројот на жртви во пожарот во хотелот во Турција се искачи на 76, уапсени се девет лица

А1он