Кубанците денеска на референдум ќе одлучат дали сакаат истополови бракови и сурогат мајчинство.
Повеќе од осум милини Кубанци, постари од 16 години, имаат право на глас. Кубанците првпат со гласање ќе донесат одлука за некој закон.
Со Законот за семејство треба да биде сменет Законот од 1975 година, кој го дефинира бракот како заедница помеѓу маж и жена. Додека Законот за семејство дозволува истополови бракови и сурогат мајчинство (под услов да не се плаќа), но им дозволува и на истополовите парови да посвојуваат деца и им се даваат родителски права на небиолошките родители.
Владата на Куба сакаше да го смени Уставот во 2019 година, но го повлече предлогот поради силниот отпор на црквата и конзервативците.
Кубанската Католичка црква тврди и дека „детето има право на татко и мајка“.
За усвојување на законот потребни се повеќе од 50 отсто од гласовите, а ќе стапи во сила на денот кога ќе бидат познати резултатите од референдумот.
Ако Законот биде одобрен, Куба ќе стане деветтата земја во Јужна Америка, која дозволува истополови бракови, по Аргентина, Бразил, Колумбија, Еквадор, Костарика, Чиле, Уругвај и делови од Мексико.
Извор: МИА