На Куба неколку туристи заразени со колера

Од:

САД ги предупредија своите граѓани кои патуваат на Куба да на купуваат храна приготвена на улица, откако неколку странци во изминатите седмици се заразени со колера во земјата.

Им се советува на граѓаните на САД да не јадат храна купена на улица, особено недоволно обработена или несварена, како што е специјалитетот од сирови морски плодови.

Според Панамериканската здравствена организација, на крајот на јули и почетокот на август од колера, чиј извор е загадената вода, на Куба заболеле еден Италијанец, двајца Венецуелци и двајца Чилеанци.

По повеќе години отсуство на колера на Куба, тамошните власти минатото лето пријавија нејзина спорадична појава. Во јануари годинава, кубанската Влада објави дека во Хавана е регистриран 51 случај на колера, но оттогаш немаше официјални соопштенија на таа тема.

Поради тешката дехидрација која ја предизвикува, колерата може да биде брз убиец, но е излечлива ако се открие на време.

Би можело да ве интересира

Куба почна да ослободува затвореници како дел од преговорите со Ватикан

Горан Наумовски

Земјотрес со јачина од 5,9 степени ја погоди Куба

ВИДЕО: Снимки од силните земјотреси во Куба, паника насекаде

Предраг Петровиќ

Куба повторно остана без струја

Горан Наумовски

Куба: Пожар го зафати градот Вињалес

„Руси доaѓајте, сметаме на вас“

Предраг Петровиќ