На каталонскиот регионален лидер му е одземено пратеничкото место

Од:

Каталонскиот регионален Парламент му го одзеде пратеничкото место на претседателот на провинцијата Квим Тора бидејќи не ги почитувал шпанските строги правила за изборна пропаганда.

Највисокиот јавен службеник на каталонскиот парламент, Ксавиер Муро, ја донесе наредбата за повлекување на пратеничкиот статус на претседателот Квим Тора.

Локалните медиуми наведуваат дека ваквата постапка веројатно ќе предизвика незадоволство меѓу приврзаниците за независност на Каталонија, кои сметаат дека станува збор за неправедна одлука.

На Тора ќе му биде дозволено да остане шеф на регионалната Влада на Каталонија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Најмалку 30 повредени во несреќа на жичница во Шпанија:

Катерина Ѓуровски

Фудбалерите на Шпанија во Валенсија ќе ја пречекаат Холандија во Лигата на нации

(ВИДЕО) Експлозија во фабрика во Шпанија, има мртви и повредени

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски