На сајтот „Јутјуб“ за првпат е објавена снимка на породување со магнетна резонанса, што го направиле група научници од Берлин предводени од докторот Кристијан Бамберг.
На снимката е прикажано породувањето на 24-годишна девојка која се наоѓа на отворен апарат за магнетна резонанца произведен за потребите на лица кои патат од клаустрофобија.
На снимката што трае 30 секунди е прикажана втората фаза од породувањето, кога мајката го турка бебето. Секој пат кога матката ќе се згрчи, таа го притиска бебето кое лизга во каналот.
Мајката снимена на овој видео запис на свет донела бебе тешко 2,5 килограми.