На изборите во Романија, излезноста до 14 часот – 20,23 отсто

Од:

Одѕивот на граѓаните на Романија на парламентарните избори до 14 часот беше 20,23 отсто, соопшти Централната избирачка комисија.

Над 18 милиони избирачи денеска се повикаат да се појават пред гласачките кутии за да се избере составот на следниот романски Парламент.

За првпат Романците кои живеат во странство имаат можност да гласаат по пошта, а над 4.500 Романци од дијаспората веќе го искористиле ваквото свое право до крајниот рок, 8 декември.

Последните социолошки истражувања покажуваат убедлива предност за Социјалдемократската партија (СДП), а институтите ИРЕС и СОЧИОПОЛ прогнозираат меѓу 42 и 44 проценти поддршка за социјалдемократите.

Двете истражувања и даваат меѓу 23 и 28 проценти поддршка на Национално-либералната партија (НЛП). Во дводомниот романски Парламент се очекува да влезат уште и Сојузот за спас на Романија (ССР) и Алијансата на либералите и демократите (АЛДЕ).

На работ на изборниот праг се наоѓаат Демократскиот сојуз на Унгарците во Романија  (ДСУР), Партијата Народно движење (ПНД) и Партијата Обединета Романија (/ПОД).

Би можело да ве интересира

Претседателски избори во Романија

А1он

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

(ВИДЕО) Епилогот од хаосот во Букурешт – Косовските фудбалери одбија да се вратат на теренот

Руски дронови создаваат паника во Романија

Во Ниш се пронајдени киднапираните три деца од Романија, за грабнувањето осомничен е нивниот татко

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пожар во романскиот Парламент, во инцидентот нема повредени

Горан Наумовски