На изборите во Австрија блага предност за владеачката Социјалдемократска партија

Од:

Владeачката Социјалдемократска партија (СПО) е во благо водство на парламентарните избори во Австрија, покажуваат првичните прелиминарни и непотполни резултати од изборите што денеска се одржаа во оваа земја, јави агенцијата Анадолија.

Според до сега преброените само шест отсто од гласовите, владеачката СПО освоила 27 отсто од гласовите, Народната партија (ОВП) 23 отсто, Слободарската партија (ФПО)  22 отсто и партијата на Зелените 12,5 отсто од гласовите.

На денешните избори право на глас имаа 6,4 милиони жители на Австрија, кои ќе изберат 183 пратеници во федералниот парламент на земјата.

Првите официјални и нецелосни резултати од изборите ќе се објават за два часа на телевизијата ОРФ.

Влада на големата коалиција меѓу австриската левица и десница е на добар пат да добие апсолутно мнозинство во парламентот, и покрај значајниот подем на крајната десница, покажува првичната проценка на социолошкиот институт АРГЕ, цитирана од светските агенции.

Би можело да ве интересира

Паника во Европската Унија – доаѓа нов Орбан, склучил „пакт“ со Путин

А1он

(ВИДЕО) Австрискиот канцелар поднесе оставка, преговорите за коалициската влада пропаднаа

А1он

Австрија ќе почне да ги депортира Сиријците

Горан Наумовски

Австрија ќе го укине ветото за прием на Романија и Бугарија во Шенген

Фон дер Лајен: Европа има резерви на гас и покрај уцената на Путин

Русија ја прекина испораката на гас за Австрија поради спор околу плаќањето

Горан Наумовски