На избори во Мексико победил „мртов човек“

Од:

Обвинителството во Мексико покрена истрага во врска со случајот во кој човек за кој е издадена официјална посмртница победил на локалните избори во едно село во јужниот дел на земјата.

Ленин Кабаљидо во неделата на изборите однесе тесна победа во местото Сан Аугустин Аматенго во близина на градот Оахака.

По изборите меѓутоа се појави посмртница, според која Карбаљидо починал во 2010 година, како послеца на запаѓање во дијабетичка кома.

Претставници на властите во Оахаки изјавија денеска дека посмртницата официјално ја потпишал некој од матичната служба, но оти смртта очигледно е лажирана.

Во обвинителството наведуваат дека неккој од членовите на семејството Карбаљидо ја искористил посмртницата за да ги убеди полицајците да ја повлечат истрагата за апсење поради силување во 2004 година.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Екстремно жешко во Мексико, десетици мртви

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Топлотен бран во Мексико: Мртви мајмуни паѓаат од дрвја

(ВИДЕО) Голема несреќа во Мексико: Силен ветер ја сруши бината на предизборен митинг, има мртви

Најмалку осум лица се убиени во напад на криминалци во Мексико

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди Мексико

Три лица загинаа во хеликоптерска несреќа во Мексико Сити