Италија во моментов се соочува со серизен дефицит на мајстори за пица и за таа професија има околу 6.000 слободни работни места, покажуваат податоците на италијанската структурна федерација.
И покрај економската криза и големата стапка на невработеност, во Италија недостасуваат пица мајстори, најмногу поради работното време и ниските плати.
Оваа професија денес најчесто ја работаат странци, особено Египќани, кои презедоа поголем дел од пицериите во Рим, Милано и Торино.
-Околу 80 проценти од Египќаните работат како пица мајстори во Италија. Ние не сме добри во тоа, бидејќи сме навиканати на тешка работа- изјави сопственик на пицерија Амадео Ал Викел, кој пред 12 години од Каиро дојде во Италија.
Според неговите зборови Италијанците повеќе ја сакаат канцелариската работа, да работат 6 часа дневно, пет пати неделно, со клима на работното место.
Александро Роси, сопственик на една друга пицерија во италијанската метропола, рече дека Италијанците оваа професија ја сметаат за понижувачка и дека младите сакаат скапи автомобили и елегантна облека, но дека не се подготвени да ја прифатат работата.
Поради тоа празнината ја дополнуваат Арапи, Филипинци и Египќани- заклучи тој.
Елена Георгиевска