На Германците им се закануваат масовни отпуштања од работа

Од:

Воведувањето на загарантираната минимална плата во Германија, во висина од 8,5 евра на час, би можело да доведе до отпуштање на половина милион работници, проценуваат експертите.

Германските работодавци, пак, како што пренесува „Јутарњи лист“, оценуваат дека воведувањето на загарантираната минимална плата, што стапи во сила на 1 јануари, ќе го загрози пазарот на трудот во Германија.

Во студија на групата Иницијатива за нова социјална пазарна економија, која ја финасираат фирмите од металната индустрија и електростопанството, се наведува дека поради воведувањето на мининалманта плата без работа ќе останат меѓу 250.000 и 570.000 германски работници.

Од друга страна, се предвидува и дека воведувањето на загарантираната плата ќе ги зголеми трошоците на производството, што ќе доведе до раст на цените.

Германија досега беше една од седумте земји-членки на ЕУ кои немаа загарантирана минимална плата, а ваквата мерка според економските експерти, ќе го загрози растот на економијата и ќе доведе до зголемување на невработеноста.

Се очекува од оваа мерка најголеми штети да има угостителството, бидејќи во овој сектор работи најголем процент на нискоквалификувана работна сила, која досега заработуваше под 8,5 евра на час.

Експертите предвидуваат дека во една четвртина од индустриските капацитети во Германија ќе има отупштање на вработените, во трговијата на таква мерка ќе се решат една третина од компаниите, додека во услужниот сектор отпуштања предвидуваат само 16 отсто од фирмите.

При воведувањето на загарантираната минимална плата во Франција, која изнесува 9,53 евра на час, работодавците се решија на укинување на бонуси и додатоци на платите, со цел да избегнат отпуштање на работниците.

Би можело да ве интересира

Порака од Германија: Сакаме да ја видиме Северна Македонија во ЕУ, сега е важно да се продолжи со уставните измени

Во Диселдорф експлодираше киоск, загинаа три лица, 16 се повредени

Горан Наумовски

Во Германија: Маж сексуално злоставувал девојче во двор на училиште

Германските тајни служби ќе можат да ја следат АфД за екстремистички активности

Горан Наумовски

Мистериозна смрт на девојче во Германија

По неколку напади врз левичарски политичари во Германија и претставниците на АфД беа нападнати

Горан Наумовски