На француските граѓани им се заканува казна до седум години затвор за затајување и избегнување плаќање данок, соопшти денес во Париз францускиот министер за буџет, Бернар Казнев.
Француската влада ќе преземе мерки против граѓаните кои избегнуваат плаќање, објасни тој.
-Во интерес е на сите кои кои што до сега избегнуваа да ги завршат своите даночни обврски да се пријават во управата за приходи. Во спротивно им се заканува, во најлош случај казна од седум години затвор-изјави министерот.
Оваа интервенција на владата претходи на утрешниот самит на лидерите на членките на ЕУ посветен на борбата против избегнување и затајување на данок.
-За оние кои што вршат даночни малверзации и извршување на каков било финансиски криминал казните ќе бидат далеку посериозни-додаде тој.
Елена Георгиевска