На Филипините уапсени 58 учесници во „сајбер проституција“

Од:

На Филипините се уапсени 58 учесници во меѓународна мрежа за порнографија, чии жртви по навлекувањето да имаат „сајбер секс“ со Филипинци и Филипинки биле снимани, а потоа уценувани за суми кои се движеле од 10 долари, па до 11.000 илјади долари.

Податоците на прес конференција во Манила денеска ги соопштија шефот на филипинската полиција Алам Пурисима и директорот на секторот за борба против дигитален криминал на Интерпол Санџаи Вирмани.

Акцијата е покрената по самоубиството на 19 годишен шкотланѓанин „фатен’’ во уценувачката мрежа чија база била на Филипините.

Полицијата, со помош ма Интерпол, открила дека порно уценувачкиот тим користел фотографии и видео снимки на филипинци од двата пола и сите возрасти, најмногу деца. Уапсените ќе одговараат за организација на криминални секс активности и злоупотреба на интернетот.

Полицијата во Манила не соопшти дали меѓу уапсените има странци. Медиумите во Манила, повикувајќи се на свои извори, најавуваат слични полициски акции и во неколку други земји во југоисточна Азија, но и во европа. 

Би можело да ве интересира

Најмалку четворица загинаа во авионска несреќа на Филипините

Најмалку 81 лице загина во невремето Трами на Филипините

А1он

Тропска бура ги погоди Филипините, најмалку 13 загинати

Брод на кинеската крајбрежна стража намерно се судри со брод на филипинските колеги

Горан Наумовски

Екстремни горештини на Филипините

Во свлечиште на Филипините загинаа 11 лица, а 110 се исчезнати