На Филипините продолжува ловот на учесници во сајбер проституцијата

Од:

Портпаролот на филипинската влада денеска во Манила соопшти дека продолжува полициската акција за дооткривање на учесниците во создавање и продавање на порнографија преку интернет. На 30 април филипинската полиција, во соработка со Интерпол, уапси 58 лица од северниот дел на Филипините. Тие ќе бидат обвинети за врбување, измама и уцена, бидејќи од кога успеале да создадат врски за „сајбер секс’’ ги уценувале учесниците во овие настани.

Портпаролот Агибејл Валте најави дека е стеснет кругот околу авторите и учесниците на интернет порнографијата што се создава на Филипините и дека со уште неколку полициски акции оваа појава ќе се сопре.

Би можело да ве интересира

Најмалку четворица загинаа во авионска несреќа на Филипините

Најмалку 81 лице загина во невремето Трами на Филипините

А1он

Тропска бура ги погоди Филипините, најмалку 13 загинати

Брод на кинеската крајбрежна стража намерно се судри со брод на филипинските колеги

Горан Наумовски

Екстремни горештини на Филипините

Во свлечиште на Филипините загинаа 11 лица, а 110 се исчезнати