На Филипините донесен закон за казнување на сексуално вознемирување

Од:

Филипинската Влада објави детали од законот што го потпиша претседателот Родриго Дутерте, со кој ќе се казнува широк спектар сексуално вознемирување.

Со законот ќе се казнува допирање, прогонување, несакани сексуални пристапи и сексистички или хомофобични коментари.

Активистките за правата на жените наведоа дека ќе биде тешко да се спроведе закон кој предвидува парични казни и казни до шест месеци затвор ако претседателот не дава добар пример.

Филипинскиот претседател го обвинуваат дека се прави шеги за силување и има непријатен став кон активистките за женски права.

Портпаролот на Дутерто изјави дека претседателот признал дека има потреба од таков закон и оти тој ќе биде првиот што ќе го почитува.

Според портпаролот, кога претседателот на Филипините се шегува, тој сака луѓето да се насмеат, а не да ги навреди.

Би можело да ве интересира

Екстремни горештини на Филипините

Во свлечиште на Филипините загинаа 11 лица, а 110 се исчезнати

(ВИДЕО) Бизарна пресметка на далечниот исток: Кинезите со воден топ „пукаат“ во филипински брод

(ВИДЕО) Силен земјотрес на Филипини

Горан Наумовски

Силен земјотрес ги погоди Филипините, издадено е предупредување за цунами

Еруптира вулкан на Филипините: Училиштата затворени, издадено предупредување за авиони