На Филипини загинаа речиси 600 луѓе во тајфунот Бофа

Од:

Во налетот на тајфунот Бофа што го погоди јужниот дел на Филипини загинаа приближно 600 луѓе, а уште 600 се водат како исчезнати, соопштија филипинските власти.

Околу 400.000 луѓе останаа без домовите по ударот на тајфунот во вторникот. Војската, полицијата и волонтерите во погодениот град Њу Батан формираа спасувачки екиупи кои трагаат по преживеаните.

– Не можеме да најдеме луѓе кои би не наведувале во трагањето по преживеаните. Цели семејства загинаа, а преживеаните се во шок, изјави портпарлот на општинските власти Марлон Есперанца.

Властите одлучија неидентификуваните тела да ги закопаат во заедничка гробница.

Најголем број на луѓе настрадаа во провинцијата Компостела Вели – 276, вклучително и 155 загинати во Њу Батан, и во провинцијата Давао Орјентал – 277, додека уште 40 лица загинаа во другите делови од земјата.

Речиси 600 луѓе се водат како исчезнати, од кои 411 од Њу Батан.

Невремето уништи 14.000 хектари плантажи со банани, што е 18 проценти од вкупната површина на островот Минданао. Штетите предизвикани од тајфунот Бофа се проценуваат на 300 милиони долари.

Филипини е трет производител и извозник на банани во светот.

Тајфунот Бофа го погоди островот Минданао, помина над централниот дел на Филипини и се движи кон Виетнам, но веќе два дена се наоѓа над Јужно Кинеско Море.

Би можело да ве интересира

Најмалку 81 лице загина во невремето Трами на Филипините

А1он

Тропска бура ги погоди Филипините, најмалку 13 загинати

Брод на кинеската крајбрежна стража намерно се судри со брод на филипинските колеги

Горан Наумовски

Екстремни горештини на Филипините

Во свлечиште на Филипините загинаа 11 лица, а 110 се исчезнати

(ВИДЕО) Бизарна пресметка на далечниот исток: Кинезите со воден топ „пукаат“ во филипински брод