Најмалку 56 лица загинаа, а околу 200 се повредени во лизгање на земјиштето во градот Баибаи во централната провинција Лејте, соопштија филипинските власти.
Армијата е вклучена и во спасувачките операции и трага по 28 исчезнати лица во поплавите и лизгање на земјиштето предизвикани од тропската бура што викендот ги погоди Филипини.
Во околината на Баибаи досега се пронајдени 47 безживотни тела, а другите девет се пронајдени на други локации.
Меги или на филипински јазик Агатон, е прва поголема тропска бура што годинава ги погоди Филипини.
Извор: МИА