На децата мигранти во Мексико им се закануваат болести и неухранетост

Од:

Илјадници деца мигранти во импровизиран камп во јужно Мексико се изложени на ризик од неухранетост, болести и одвојување од нивните семејства, предупреди УНИЦЕФ.

Во кампот подигнат до фудбалскиот стадион во јужниот мексикански град Тапачулa, илјадници мигранти, меѓу кои многу деца, чекаат одговор на барањето за азил или хуманитарна виза.

Во видео порака, заменик-претставничката на УНИЦЕФ во Мексико Пресија Арифин-Кабо предупреди дека ситуацијата е критична. – Многумина се загрижени поради ширењето на Ковид, рече таа. – Освен тоа, има многу ѓубре, а мигрантите немаат ни пристап до вода за пиење и хигиена, а исто така им недостига и храна.

УНИЦЕФ е особено загрижен поради можноста за разделување на семејствата, а многу семејства по пат ги загубија документите, додаде Арифин-Кабо.

Мексиканските власти се обидоа да го расформираат кампот, кој се наоѓа во близина на границата со Гватемала и почнаа да ги преместуваат мигрантите од Тапачула во други делови на земјата, ветувајќи дека ќе го регулираат нивниот статус.

Според официјалните податоци, околу 40 отсто од 84.600 бегалци кои доаѓаат во Мексико се малолетни.

Многу мигранти се надеваат дека ќе можат да побараат азил во САД, кои минатата недела повторно ги започнаа Протоколите за заштита на мигрантите, според кои барателите на азил мораат да чекаат во Мексико на сослушување од страна на американските имиграциски власти.

Би можело да ве интересира

Првиот авион со мигранти од САД слета во Гвантанамо

Трамп ги одложи царините за Мексико

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Трговска војна со Канада и Мексико, Трамп потврди царини и за ЕУ, ја обвини Јужна Африка за расизам

Катерина Ѓуровски

Претседателката на Мексико нареди контратарифи на одлуката на Трамп

А1он

Трамп: Царините од 25 отсто за Канада и Мексико ќе стапат на сила утре

САД ќе подготват притвор за 30.000 мигранти во Гвантанамо