На Берлускони му се заканува затвор поради Руби

Од:

Миланските обвинители денес побараа затворска казна од шест години и доживотна забрана за јавна функција за поранешниот премиер Силвио Берлускони.

Обвинителите ова го побараа по обвиненијата дека тој на малолетничка и платил за секс и ја злоупотребил својата положба за да го сокрие делото.

Обвинителката Илда Бокасини во завршниот збор истакна дека малолетничката Мароканка Карима ел Махруг, позната како Руби, лажеше кога негираше дека имала секс со Берлускони (76).

-Не постои сомнеж дека Руби имаше секс со обвинетиот и дека за возврат доби пари-истакна Бокасини и додаде дека таа од поранешниот премиер добила 4,5 милиони евра.

На Берлускони, кој во моментов е пратеник во италијанскиот парламент, Апелациониот суд му ја потврди казната од четири години затвор поради даночни затајувања, како и петгодишна забрана за политичка активност.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Се урна лифт во станбена зграда, повредени две жени и три деца во Палермо

Откриена е мафијашката мрежа Камора и Коза Ностра, една трага води до Балканот

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Силен земјотрес го погоди југот на Италија

ВИДЕО: Поплави, свлечишта, затворена железница и училишта во Италија

(ВИДЕО) Израел ги налути сојузниците: Престанете да пукате на силите на Обединетите нации

Катерина Ѓуровски