На баба и вградиле мини телескоп во око и ја излечиле од слепило

Од:

Хирурзите од Дејвисовиот медицински центар во Северна Калифорнија (САД) во мај, на Дороти Бејн (89), која била речиси слепа, во око и вградиле минијатурен телескоп со големина на зрно грашок, и така и овозможиле повторно да прогледа.

Ваков пристап може наскоро да стане вообичаена појава во лечењето на пациенти со макуларна дегенерација (средишниот дел на мрежницата), главна причина за слепило кај пациенти постари од 50 години.

Дороти Бејн страдала од поодмината форма на болеста предизвикана од старост и била практично слепа, но сега видот повторно и се вратил, па дури и тврди дека е подобар отколку порано, особено кога станува збор за боите, кои станаа енергични и живи.

Бејн имала обичај да слика со водени бои и се надева дека повторно ќе земе четка во рака, а со очила е способна да чита текстови напишани со поголеми букви.

Би можело да ве интересира

САД прекинаа да и испраќаат разузнавачки информации на Украина

Горан Наумовски

Франција се обидува да ги обнови врските меѓу САД и Украина

Кина: Подготвени сме да се бориме до крај доколку САД сакаат било каква војна

САД продолжуваат да споделуваат разузнавачки информации со Украина

Трамп: Утре ќе биде голем ден, ќе кажам се како што е

Ројтерс: Официјален претставник на УСАИД предупреди на последиците од недавањето помош, а потоа испратен на одмор