На Американците им е помил паричникот од мобилниот

Од:

И покрај големата поврзаност за модерните уреди 70 отсто од Американците сепак побрзо би го изгубиле мобилниот телефон отколку паричникот, а мнозинството од нив предност му даваат на олимписки златен медал, отколку на престижната Пулицерова награда.

Истражувањето на јавното мнение спроведено во Соединетите држави, покажува дека 40 отсто од Американците му даваат предност на златен медал од Олимпијада, додека 36 отсто повеќе би сакале да го освојат Пулицеровото признание за журналистика и публицистика, а, пак, седум проценти преферираат да ја добијат филмската награда Оскар.

Американците, исто така, повеќе би сакале да се посватат со семејството на актуелниот претседател Барак Обама, околу 19 отсто, отколку со славниот влијателен во американската политика клан Кенеди – 18 проценти. На трето место во оваа „категорија” е британското кралско семејство коешто за сватови го сакаат 16 отсто од Американците.

Огромно мнозинство Американци, дури 70 отсто, не ја смета саентологијата за вистинска религија.

Според оваа анкета, поддршката што славните личности им ја даваат на политичките кандидат не е важна за дури 89 отсто од избирачите.

Би можело да ве интересира

САД прекинаа да и испраќаат разузнавачки информации на Украина

Горан Наумовски

Франција се обидува да ги обнови врските меѓу САД и Украина

Кина: Подготвени сме да се бориме до крај доколку САД сакаат било каква војна

САД продолжуваат да споделуваат разузнавачки информации со Украина

Трамп: Утре ќе биде голем ден, ќе кажам се како што е

Ројтерс: Официјален претставник на УСАИД предупреди на последиците од недавањето помош, а потоа испратен на одмор