На 53 отсто од Американците им пречи работата на Доналд Трамп

Од:

Само две недели по инаугурацијата, Доналд Трамп бележи највисоко несогласување во јавноста на САД, за тоа како работи како новоизбран американски претседател, покажува истражувањето на Си-Ен-Ен.

Вкупно 53 отсто од Американците не ја одобруваат досегашната работа на Трамп во Белата куќа, што е највисоко несогласување на американската јавност со еден нов претседател, откако почнаа да се прават вакви истражувања.

Од анкетираните, 44 отсто се согласуваат со тоа како работи Трамп, но и тоа е за седум проценти пониско од претходното мерење на рејтингот.

Од оние кои сметаат дека новиот претседател добро ја почнал работата, дури 90 отсто се традиционални гласачи на Републиканската партија.

Во 1981 година, кога ваква анкета била правена за да се измери рејтингот на тогашниот новоизбран претседател Роналд Реган, 51 отсто се изјасниле дека се задоволни од неговиот старт во Белата куќа, но само 13 отсто изразиле несогласување.

Џорџ Буш, во првите две недели како претседател имал подршка од 57 отсто од Американците, што е повеќе од Реган и дури 13 отсто повеќе од Трамп. Тагаш само 25 отсто Американци не се согласувале со тоа како Буш работи на стартот од мандатот.

Анализата на сегашната анкета покажува дека големо влијание за ваквиот низок рејтинг на Трамп имаат неговите декрети за забрана на влезот на државјаните од седум муслимански земји и за изградбата на ѕид со Мексико.

Вкупно 56 отсто од Американците не се согласуваат со забраната, шестмина од десет Американци се против ѕидот кон Мексико, 55 отсто не ја одобруваат надворешната политика што ја заговара и ја почна Трамп, 53 отсто со неговите антитерористички мерки, а 50 отсто не сакаат да се укине или да се измени здравствено-социјалната програма што ја воведе претходниот претседател Барак Обама.

Единствениот дел што Американците засега го подржуваат и со кој се согласуваат е економијата.

Истражувањето на Си-Ен-Ен открива дека дури 78 отсто од учесниците во анкетата очекувале стартот на Доналд Трамп како претседател да биде лош, додека само 21 отсто се изјасниле дека не верувале во тоа.

Би можело да ве интересира

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Најмалку 52 лица загинаа во ураганот Хелена, речиси пет милиони луѓе останаа без струја

САД ќе ја поддржи Македонија во обидот да се пробие блокадата на патот кон ЕУ, порача Касаноф на Сиљановска