На 29 јануари британскиот Парламент ќе гласа за „планот Б“ за Брегзит

Од:

Пратседателката на Долниот дом на британскиот Парламент, Андреа Лидсом денеска најави дека на 29 јануари би требало да се одржи дебата и гласање за „планот Б“ за Брегзит на премиерката Тереза Меј.

– Целодневната дебата за предлогот би се одржала во вторник на 29 јануари, доколку Долниот дом се согласи со тоа, изјави Лидсом.

Таа најави дека Меј в понеделник на Парламентот ќе му го достави „план Б“ за Брегзит, откако во вторникот пратениците во Долниот дом го одбија Договор за истапување на Велика Британија од ЕУ, што лани во ноември го постигнаа Владата во Лондон и Брисел.

Би можело да ве интересира

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година