На 27 јануари седница на СЗО за оправданоста на вонредната здравствена ситуација поради Ковид-19

Од:

Комитетот на Светската здравствена организација на средба закажана на 27 јануари ќе разгледува дали пандемијата со Ковид-19 се уште претставува глобална здравствена состојба, соопшти СЗО три години откако првпат беше прогласена пандемија.

Комитетот за вонредни состојби го советува генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, кој треба да ја донесе носи конечната одлука дали епидемијата претставува така наречена вонредна состојба за јавното здравје од меѓународно значење, што е највисоко ниво на тревога за СЗО.

Неколку водечки научници и советници на СЗО истакнаа дека можеби е прерано да се прогласи крај на вонредната фаза на пандемијата со Ковид-19 поради зголемениот број на инфекции во Кина.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Кинескиот потпретседател Хан Женг ќе присуствува на инаугурацијата на Трамп

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бројот на загинати во земјотресот во Тибет се искачи на 126

Горан Наумовски

Кинеска вселенска ракета експлодираше откако беше лансирана

Горан Наумовски

Кина распоредува голем број бродови околу Тајван

Горан Наумовски

Кинескиот министер за одбрана под истрага за корупција

Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио