На 22. јануари во Лондон средба на претставниците на најголемата мрежа за разузнавачки информации

Од:

Претставници на петте држави кои располагаат со најголема мрежа во светот за размена на разузнавачки информации, ќе имаат средба во Лондон на 22. јануари.

На средбата ќе биде подготвена стратегија за борба со тероризмот по нападите во Париз. Тоа го соопшти канадскиот министер за јавна безбедност Стивен Блејни.

Во групата се САД, Австралија, Канада, Британија и Нов Зеланд.

Изјавата на Блејни е невообичаена бидејќи државите од таа група ретко говорат за акциите, наведуваат западни медиуми.

Претставници од американското разузнавање споделија со француски колеги информации за патувањата на осомничените за нападите во Париз во кои загинаа 17 луѓе.

Претставник на канадската Влада кој побарал анонимност, изјави дека средбата во Лондон била закажана пред нападите во Париз. Групата „Пет очи“ има редовно средби, нагласил тој.

Би можело да ве интересира

Високи британски функционери подготвија детален план во случај на смрт на познатиот мачор Лери од Даунинг Стрит

A1on

(ВИДЕО) Гори историската зграда Сомерсет во центарот на Лондон, пожарот го гаснат стотина пожарникари

A1on

(ВИДЕО) Нови немири во Британија, демонстрантите фрлаа со камења врз полицијата, има повредени

Горан Наумовски

ВИДЕО: Повредени полицајци, изгорени и уништени објекти, синоќа продолжија немирите во Велика Британија

Предраг Петровиќ

Британската влада призна: „Нашата земја е шворц“

Предраг Петровиќ

Избодени неколку лица во Велика Британија: Меѓу повредените има и деца