Во градот Наход, во северниот дел на Чешка, синоќа во сон починал најстариот маж во земјата, Карел Кашпарек, јави дописникот на МИА од Прага.
Кашпарек минатата година во декември наполни 107 години.
Приматот најстар чешки жител и припаѓа на Евенгелие Чарасова, која по потекло е од Грција, а која во февруари го прослави 109-от роденден.
Според Управата за социјална заштита, до јуни годинава се регистрирани 850 лица кои имаат 100 и повеќе години. Од нив 712 се жени, а 138 мажи.
Во Чешка според статистичките податоци се зголемува старосната граница. Само пред три години беа регистрирани 686 стогодишни лица.