А1 РЕПОРТАЖА: Музејот Васа – дом на единствениот зачуван воен брод од 17. век

Од:

Од 1988 година, островот Дјургарден во Стокхолм е дом на единствениот зачуван брод од 17 век. Музејот Васа во кој е изложен импозантниот брод е најпосетуваниот музеј во Скандинавија.

Музејот е отворен 1990 година и досега го посетиле 25 милиони луѓе. Само во 2008-та година музејот бележи рекордни 1 милион 143 илјади 404 посетители.

Во централниот дел на музејот гордо стои – Васа. Долг 69 метри, и 53 метри висок, изграден од најубавото дабово дрво.

Просто е неверојатно дека бродот кој моќно се издига пред вас поминал под вода дури 333 години.

Иако видливи се делови на кој има помали штетувања, бродот во повеќе од 90 проценти ја задржал својата оргниална состојба од времето кога е изграде.Водниот гроб за повеќе од три века на овој брод бил близу пристаништето на Стокхолм од каде Васа е изваден 1961 година.

Од тогаш па се до денеска преставува туристичка атракција која го привлекла вниманието на 25 милиони луѓе.

Ова е приказната за бродот Васа:

Кралот Густав Васа кој владеел со Шведска во 16 век се смета за основачот на модерната држава. Неговиот внук Густав Втори Адолф кој владеел веднаш по него, одлучува во спомен на својот роднина да изгради брод кои ќе биде импозантен како и делото на Густав и ќе го носи името Васа.

Бродото е конструиран од 1626 до 1628 година.

Кога е завршен бил најимпозантниот и најголем воен брод, до тогаш направен. Бил првиот брод кој во себ содржел две нивоа за отсртел од воени топови. На себе имал дури 64 топови направени од бронза и злато.

На 10 август 1628 година, Васа тргнува на своето прво патување, токму од овој дел на Стокхолм, и токму преку овие води.

Спектакуларна гледтка за сите насобрани на стокхолмското пристаниште. Импозантен брод, кој покрај неговите димензии пленел и со преку 500 ормаенти и скулптури со кои бил украсен. Многу злато, прекриено со зелени, сини и црвени нијанси ги мамело очите на сите кои дошле да го испратат Васа на своето главно патување.

Бродот требал да претставува своевиден симбол а моќта на кралството, но исто така и да ги заплашува непријателите, да создаде мир со боговите на временските промени и генерално да донесе добра среќа на земјата.

Но, по патување од едвај една наутичка миља, налет на силен ветер го навалува бродот на едната страна. Водата невлегува преку отворените делови од каде ѕиркаат топовите и само секунди подоцна Васа е 32 метри под водата, на дното на морето.

Кога Кралот Густав слуша за несреќата е бесен и крајно разочаран што со ова му е урнат угледот и понижен прец целата јавност во Шведска. Иако барал одговори кој, као и зошто е крив за несреќата, никој никогаш не бил земан одговорен за оваа несреќа. Се претпоставува дека недоволен баланс и отворените делови за излез на топовите придонеле бродот да потоне.

Се претпоставува дека во една рака и самиот крал придонел кон несреќата инсистирајќи бродот насебе да има две палуби со топови. А исто така инсистирал да се намалат бројот на тестирања за нејзиниот баланс и сигурност, бидејќи бил нетрпелив да ја види Васа што поскоро меѓу воената флота.

Во катастрофата загинуваат 150 луѓе кој во моментот биле на бродот. Главниот јарбол е видлив можеби уште 100 години по потонувањето на бродот, но потоа тој се крши и набрзо локавијата каде е потоната Васа и се губи трагот.

Васа е пронајдена 1956 година од поморски археолог Андерс Франсен и извадена на површина 5 години подоцна. Огромниот корпус на бродот е сместен на првиремено пристаниште, каде бродот дури 17 години е прскан со политилен гликол. Дури тогаш шведската влада одлучува дека на бродот треба да му се пронајде подобар дом и е изграден музејот Васа.

Заради комфор на посетителите температурата во музејот е 18 до 20 степени, иако би требале да биде мнгу пониска, бидејќи е познато дека високите температури предизвикуваат хемиски реакции. Во музејот се држи блага темнина, бидејќи познато е дека интензивна светлината може да придонесе кон кршење на дрвото.

Денеска посетителите можат да се воодушевуваат а бродот кој бил изграден од илјада дабови дрвја. Дури 95 проценти од бродот се зачувани во нивната оргиналност, иако бродот дури 3 века бил под вода. Клунот на бродот е зачуван во својата првобитност и само тој тежи 450 килограми.

Во бродот по неговото спасување биле пронајдени 16 скелети, за кои се прценува дека два се женски. Дел од нив исто така се изложени во музејот.

Но, во овој музеј посетителите немаат можност само да му се воодушевуваат на бродот, туку и да добијат комплетна слика за животот во 17 век, особено животот на брод на морнарите и војниците. Меѓу 1963 година и 1967 гнурачите пронашле илјадници објекти од Васа. Од кои многу биле закопани во морската тиња што ги сречило морската вода да ги уништи. Сите тие откриваат фасцинантни детали за тоа како се живеело во Шведска во 17 век. Облека, садови за готвење и јадење, буриња се е изложено пред очите на посетителите.

Неколку фактори придонеле овој брод да биде зачуван толку добро. Делот од морето каде потонал содржи многу загадена вода, која не овозможува да преживеат бактерии, кои би придонеле да се оштети дрвото. Водата е многу помалку солена од нормалното, а температурата е идеална, од 1 до 3 степени целзиусови.

За овој брод можеби никогаш не билс нимен филм, иако крие подеднакво трагични приказни како оние на Титаник. Но, затоа овој музеј овозможува на неколку часа да живее во сопствената филмска приказна. Приказна која долго ќе остане во вашата меморија со сета негова величественост и слава.

Христена Антовска Јованчева

Би можело да ве интересира

Шведската полиција откри кинески брод во близина на можна саботажа на два кабли на Балтикот

Шведска и Финска: Украина може да ја нападне територијата на Русија без ограничувања

Пукање во Шведска: Тешко ранет е тинејџер

Пукање во Малме, најмалку едно лице загина

Двајца Британци убиени, па запалени во Шведска

Горан Наумовски

Аларм во Стокхолм: Поради можна бомба евакуирана е Централната железничка станица