Здруженијата на британските муслимани ја обвинија денеска британската Влада дека ја презела реториката на крајната десница и оти ја поттикнува исламофобијата, бидејќи министрите испратиле писмо на адреса на повеќе од сто имами, барајќи од нив да им појаснат на верниците дека исламот е во согласност со припадноста кон Велика Британија.
Во писмото, кое во петокот го испрати министерот за локална самоуправа и заедници Ерик Пиклс од имамите е побарано да им појаснат на муслиманите дека исламот може да биде дел од британскиот идентитет, наведувајќи дека тие имале обврска да сторат повеќе во борбата против екстремизмот и проповедањето омраза.
Исламските здруженија сметаат дека муслиманите се неправедно издвоени.
– Писмото ги има сите обележја на мошне лошо просудување, што се вклопува во антиисламската реторика, која проповеда за „нас и нив“, изјави Тала Ахмад од Советот на муслиманите на Британија.
Извршниот директор на Фондацијата Рамазан, Мухамед Шафик оцени дека писмото е фактички неточно и „типично за влада, која на муслиманите гледа исклучиво низ призма на тероризмот и безбедноста“.
Највисокиот муслимански службеник во британската Влада, Саид Џавид изјави дека муслиманите носат специјален товар во истрагата на екстремизмот.
Британскиот премиер Дејвид Камерон оцени дека писмото е разумно и паметно составено.
Во Велика Британија живеат околу 2,8 милиони муслимани.