Поранешниот пакистански претседател Первез Мушараф не се појави денеска на суд на рочиштето, на кое требаше да биде прочитано неговото обвинение за убиство на поранешната премиерка Беназир Буто, поради безбедносни причини, соопшти полицијата.
Мушараф требаше лично да се појави на суд на читањето на обвинението за криминален заговор и убиство на Беназир Буто, и да го потпише за судењето да може да продолжи.
Полицијата и неговите адвокати пред судот во градот Равалпинди, каде во декември 2007 година е убиена Буто, изјавија дека не е безбедно Мушараф да се појави пред судот поради смртните закани упатени кон него.
Судијата Кодри Хабибур Рехман рочиштето го одложи за 20 август. Мушараф од 19 април се наоѓа во домашен притвор во својата луксузна вила во предградие на Исламабад.