Поранешниот пакистански претседател Первез Мушараф ќе остане во домашен притвор во својата вила крај Исламабад, за време на изборите во мај. Тоа го одлучи денеска суд во Равалпинди.
Во 2008 година пакистанското обвинителство го принуди Мушараф да поднесе оставка и го обвини за три случаи – убиството на поранешната премиерка Беназир Буто во 2007 година, незаконско разрешување судии во истата година и убиството на лидерот на борците за независност на Белуџистан, Акбар Бугти во 2006 година.
Минатиот месец Мушараф се врати во државата по 4-годишен егзил со надеж дека ќе учествува во парламентарните избори на 11 мај, но веднаш беше приведен. Беше поставен во домашен притвор до 4 мај во врска со делото за разрешување судии, но денеска Судот по процесот за убиството на Буто ја продолжи мерката до 14 мај. Мушараф беше на власт од 1999 година кога изврши преврат, до оставката во 2008 година. Избирачката комисија муја отфрли кандидатурата за изборите во мај.