Мухика: САД да станат двојазична земја

Од:

Уругвајскиот претседател Хозе Мухика вчера во Белата куќа на состанок со американскиот колега Барак Обама ги повика САД да станат двојазична држава. Тој се пошегува дека имигрантите од Латинска Америкаќе ги „наполнат САД со говорници на шпански јазик“.

– Ние живееме на континент на кој шпанскиот јазик во голема мера на граѓаните им е мајчин јазик, а живееме во време кога треба да научиме англиски, рече левоориентираниот претседател на Уругвај.

– Од друга страна, и вие ќе мора да станете двојазична земја, затоа што силата на латино жената е вредна за воодушевување и тие оваа земја ќе ја наполнат со деца кои ќе зборуваат шпански и португалски, истакна Мухика.

Обама во моментот работи на реформа на имиграционата политика во САД, според која илегалните имигранти ќе мора да научат англиски, да платат парична казна, како и со исполнување на дополнителни барања практично да „го заработат“ американското државјанство. 

Би можело да ве интересира

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина

Волц: Украина да го „намали тонот“, да ги замолчат критичарите

А1он

Лавров поднесе извештај: Почнуваме со нормализација на сите односи со САД