Италија би можело да побара пакет помош и покрај формирањето на новата влада и избегнувањето на кризата, соопшти денес американската агенција за кредитен рејтинг „Мудис“.
-Се уште не можеме да ја отфрлиме можноста Италија да побара помош од Европската централна банка и Европскиот стабилизационен механизам-изјави Дитмар Хорнунг од Мудис, пренесува „Ројтерс“.
Премиерот на ново формираната влада Енрико Лета вчера положи заклетва, а денес за неговото именување ќе се изјасни парламентот.
Хорнинг изјави дека Мудис ќе ја следи способноста на новата влада и реорганизацијата на економијата.
-Мора да ја провериме посветеноста на новата влада и нејзината способност одлучно да ги следи структурните реформи кои што и се потребни на државата, за да ја подобри кредитната способност-додаде тој.
Елена Георгиевска