Мубарак заминува во домашен притвор откако ќе излезе од затвор

Од:

Египетскиот премиер Хазем ел-Беблави наложи поранешниот претседател на Египет Хосни Мубарак да биде ставен во домашен притвор откако ќе излезе од затвор по повеќе од две години.

Беблави во соопштението нагласи дека побарал Мубарак да биде ставен во домашен притвор согласно вонредните мерки усвоени овој месец.

Управниците на затворот изјавија дека поранешниот египетски претседател ќе биде ослободен уште денеска.

Египетскиот суд вчера донесе одлука за ослободување на Мубарак бидејќи веќе нема законски основи за негово задржување. Против него се води судска постапка за корупција, бидејќи наводно добивал подароци од египетскиот државен весник „Ал Ахрам“.

Мубарак е обвинет и за соучешништво во убиствата на демонстранти за време на протестите со кои тој беше симнат од власт во 2011 година, по 30 години владеење.

Осумдесет и пет годишниот Мубарак е осуден во јуни минатата година на доживотен затвор поради убивање демонстранти за време на Арапската пролет, но по поднесената жалба во јануари оваа година е донесена одлука за повторување на судскиот процес.

Судењето повторно започна во мај, но Мубарак отслужи максимална казна предвидена за периодот пред почеток на процесот.

Би можело да ве интересира

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро

Египет бара формирање независна држава Палестина

Ирак испраќа танкер со гориво во Египет за да и помогне на Газа

Горан Наумовски