Мубарак од болница вратен во затвор

Од:

Поранешниот египетски претседател Хосни Мубарак е вратен во затвор, од каде што беше накратко префрлен во воената болница во Каиро, порада повреди на главата и градите.

Како што пренесува АП, со месеци пристигнуваат различни извештаи за здравствената состојба на 84-годишниот Мубарак, кој во јуни беше осуден на доживотен затвор, бидејќи не спречил убивање на стотици демонстранти за време на протестите минатата година во Египет, во оквир на арапската пролет.

Заменик-министерот за внатрешни работи, генерал Мохамед Ибрахим, изјави дека поранешниот претседател, по рентгенското снимање на главата, е вратен во затвор.

Мубарак претрпе повреди во саботата, откако се лизнал во затворското купатило. Во текот на денот, на египетските социјални мрежи се раширија гласини дека Мубарак умрел, откако еден сајт објави таква вест.

Изјавата на Ибрахим ги демантираше таквите тврдења. Болницата се наоѓа во предградието на Каиро, Маади. Неговото семејство и адвокатите побараа од властите да го задржат во болница, наведувајќи ги лошите услови во затворот.

Би можело да ве интересира

Египет: Еден турист загина во напад на ајкула, а друг е повреден

(ВИДЕО) Товарен брод тоне во близина на египетскиот брег на Црвеното Море, се заканува голема катастрофа

Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет