Муалем: Башар ал Асад нема да поднесе оставка

Од:

Сирискиот министер за надворешни работи Валид Муалем изјави дека претседателот на Сирија, Башар ал Асад нема да поднесе оставка и нема да и ја предаде власта на опозицијата на планираните мировни преговори во Женева.

– Претседателот Асад нема да поднесе оставка. Ако условот на опозицијата е тој да поднесе оставка, тогаш воопшто не се трудете да учествувате на конференцијата во Женева, истакна Муалем на прес-конференција во Дамаск.

Тој освен тоа предупреди дека вооружувањето на сириските бунтовници „ќе ја спречи конференцијата во Женева и ќе ја продолжи кризата во земјата, овозможувајќи им на терористите да извршуваат се повеќе злосторства“.

– Сириската армија се бори против тероризмот и на тој начин ги штити Јордан, Либан и сите други соседни земји, нагласи Муалем.

Тој, исто така, изјави дека сириската војска не поседува хемиско оружје, тврдењата на американскиот претседател Барак Обама во врска со користењето на такво оружје ги оцени како „неосновани“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Во израелски напад на Дамаск загина и познатa сириска новинарка

Израел го ликвидирал братот на Башар ал Асад ?

Израелска армија: Го убивме лидерот на Хамас во Сирија