Можно продолжување на мандатот на сегашната Европска комисија

Од:

Сегашниот состав на Европската комисија, чиј мандат истекува на 31 октомври, би можел да остане подолго на должност, поради процесот на назначување на новите функционери, најави денеска еврокомесарот за буџет Гинтер Етингер, во интервју за европскиот весник „Политико Европа“.

– Назначувањето и сослушувањата и патот до следната Комисија може да не бидат завршени во септември – октомври годинава, изјави Етингер.

Како што јави дописничката на МИА од Брисел, тој не ја исклучува можноста мандатот да биде продолжен до декември во зависност од динамиката на преговорите за назначување на следните главни функции во европските институции.

Со конституирањето на Европскиот парламент по изборите, се доделуваат главните функции во сите европски институции – претседатели на Европската комисија, Европскиот совет, Европската централна банка и Европскиот парламент и високиот претставник за надворешна политика на ЕУ.

Процесот е резултат на преговори помеѓу шефовите на држави или влади на ЕУ и зависи од балансот на сили помеѓу политичките партии.

Во интервјуто, Етингер вели и дека многумина во Брисел би сакале следна претседателка на Европската комисија или на Европскиот совет да биде Ангела Меркел.

Би можело да ве интересира

Франција ја нуди својата војска за одбрана на Гренланд од Трамп

А1он

Трамп вети дека ќе воведе царини за Европската Унија и Кина

Горан Наумовски

Хабер: ЕУ мора да биде подготвена за царинска војна со САД

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО

ЕК: Македонија ќе ги добие средствата за пред-финансирање што е можно поскоро

Европската Комисија го осуди денешниот руски ракетен во Киев

Горан Наумовски