Можно е средбата меѓу Трамп и Ким да се одржи во Шведска

Од:

Шведска ќе биде среќна ако може да помогне во решавање на проблемот на Корејскиот Полуостров, но изнаоѓањето начин за напредување е на оние кои се вмешани во тоа, изјави денеска шведската вицепремиерка и министерка за надворешни работи Маргот Валстром.

– Веруваме во дијалог во политичкиот процес. Ако можеме да ја искористиме нашата улога и нашите контакти како што се надеваме, ќе ги искористиме во вистински цели, рече Валстром.

Нејзината изјава доаѓа еден ден откако министерот за надворешни работи на Северна Кореја. Ри Јонг-хо допатува на преговори во Шведска, предизвикувајќи шпекулации дека неговата посета може да постави основа за евентуална средба меѓу американскиот претседател Доналд Трам и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун во оваа држава.

Посетата на севернокорејскиот министер за надворешни работи на Шведска е изненадувачки потег на кој може да се гледа као на прв чекор кон организирање средба меѓу Трамп и Ким во оваа скандинавска земја, коментираат аналитичарите.

Шведска има дипломатски односи со Северна Кореја од 1973 година и е една од ретките западни земји кои имаат амбасада во Пјонгјанг. Земјата дава и конзуларни услуги на САД во Северна Кореја.

Американскиот престедател Трамп се согласи на средба со севернокорејскиот лидер Ким, која би се одржала до мај. Некои светски медиуми јавија дека е шпекулација информацијата оти Шведска би можела да биде местото каде ќе се сретнат Ким и Трамп и оти е поверојатно изборот да биде „селото на примирјето“ на јужнокорејската страна од демилитаризираната зона меѓу двете Кореи.

Би можело да ве интересира

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот