Можни сценарија по референдумот за независност во Каталонија

Од:

БТА

Три денови пред очекуваниот обид за спроведување на референдум за независност во Каталонија, што шпанскиот Уставен суд го прогласи за нелегитимен, политичките критичари понудија различни можни сценарија.

Дали ќе биде одржан референдумот? 

Во практика е сигурно дека в недела не постои начин да се спроведе референдум, што не заслужува доверба во однос на меѓународното право.

Мадрид направи се што е можно со цел да го осуети.

Шпанската полиција конфискуваше милиони гласачки ливчиња и останати потребни материјали. Избирачките списоци не се објавени.

Избирачката комисија, што е надлежна за контрола на гласањето, беше распуштена поради закани за казни.

Илјадници шпански полицајци се поставени на задача да ги блокираат изборните места.

Раул Ромева, член на каталонсакта Влада, кој е одговорен за меѓународните врски, имено увери, дека референдумот сепак ќе биде одржан.

– Можеме да ги испечатиме ливчињата за гласање толку пати, колку што е потребно, располагаме со избирачки списоци, имаме гласачки места, наведе Ромева.

Преговори? 

Бидејќи се повеќе станува јасно дека дел од каталонските гласачи ќе се појават на изборите (без разлика дали ќе бидат импровизирани или не) што и да се случи, и дека повеќето ќе гласаат „за“ независност, бидејќи нивните противници нема да учествуваат, сепаратистичките лидери ќе најдат начин да извлечат корист дури и без одобрување на независноста.

Како всушност ќе се случи тоа? 

Габриел Коломе, професор по политички науки на Универзитетот во Барселона, како прва можна варијанта го гледа повикувањето за масовна мобилизација во цела Каталонија.

Малиот анархистички синдикат „Се Хе Те“, веќе повика на масовен штрајк на 3 октомври, но главните синдикални штабови „У Хе Те“ и „Се Се О“, се уште не најавија приклучување.

Еден таков штрајк би можел да нанесе штета на шпанската економија, бидејќи Каталонија учествува со 19 отсто од БДП на земјата.

Демонстрации и немири?

Во тој контекст останува можноста за масовни демонстрации и безредие. Конзервативната Влада на шпанскиот премиер Мариано Рахој испрати две третини од полициските специјални сили за да ги смират немирите во регионот. Ангажирани се речиси 10.000 полицајци и цивилни чувари.

Каломе сугерира дека, „вооружени“ со тоа сценарио за масовно мобилизирање, сепаратистите „ќе се обидат да преговараат“ за проблемите со автономното управување и финансирањето на Каталонија.

Социјалистите во Мадрид веќе формираа парламентарна комисија за дебати за промена на статусот на шпанскиот автономен регион.

Една од сепаратистичките сили на Каталонците – Каталонската европска демократска партија, прифати да учествува на дебата, што можеби е знак дека најмалку една од партиите од владејачката коалција на Каталонија сака преговори.

Прогласување на република?

Рафаел Аренас Гарсија, професор по право на Универзитетот во Барселона, предлага друга варијанта со едностано прогласување на независност, на кое Мадрид ќе биде принуден да реагира.

Во таков случај земјата би имала можност да ја суспендира автономијата на Каталонија и да преземе контрола над локалната полиција.

Властите можат и да ги уапсат каталонските лидери, како претседателот на регионот Карлес Пучдемон.

Сепак, тие ризикуваат светот да види фотографија со сепаратистичките лидери опколени со полиција, и да им обезбеди на сепаратистите можност „да преминат од логиката на независност, кон логиката што сугерира заштита на демократијата со една репресивна држава, забележува Коломе.

Предвремени избори? 

Трети сценарија изгледа предвидуваат распуштање на каталонскиот Парламент без прогласување на независност, и на крајот, порано или подоцна – нови регионални избори.

Така сепаратистите, можеби се потпираат на кризата што беше создадена во текот на последниот период, и на тој начин се обидуваат да стекнат поголема поддршка во Парламентот, со цел да ја продолжат борбата за независност.

Би можело да ве интересира

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата