Холандската полиција денеска соопшти дека нема докази дека уапсениот маж, кој во петокот со нож повреди три деца во Хаг, имал терористички мотив.
– Прелиминарно нема индиции кои би укажале на терористички мотив. А, што било мотивот, се уште се испитува, се наведува во соопштението од полицијата.
Две 15-годишни девојчиња и едно 13-годишно момче во петокот беа полесно повредени откако беа нападнати на улица.
Полицијата наведе дека е испитан 35-годишниот осомничен, кој вчера беше уапсен во во прифатилиште за бездомници.