Москва вознемирена поради желбите на Романија за обединување со Молдавија

Од:

Москва ги оцени како „неприфатливи“ изјавите на актуелниот романски прмиер и кандидат за претседател, Виктор Понта дека ќе изврши „второ големо обединуување“ на Романија и Молдавија во 2018 година.

Како што јави ИТАР-ТАСС, руското Министерство за надворешни работи изрази вознемиреност од изјавите на Понта дадени во неделата на собир на неговата Социјалдемократска партија во градот Алба-Јулија.

– Отворените повици на кандидатот за претседател на Романија за „второ големо обединување“ во 2018 година, јасно покажуваат дека некои политички кругови во Букурешт продолжуваат да ги поттикнуваат плановите за анексија на соседната неутрална земја, се наведува во соопштението.

Според Москва, ваквите најави се неодговорни и неприфатливи во услови кога во Молдавија во тек е предизборна кампања.

– Очекуваме властите во Кишињев да дадат адекватна оценка на ваквите изјави. Исто така, очекуваме и соодветна реакција од Брисел и другите европски земји, се наведува во соопштнието на руското Минситерство.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Авион се запали при слетување во Анталија, сите 79 патници се безбедно евакуирани

А1он

Доколку Сеул му испорача оружје на Киев, ќе следи одговор на Москва, велат од руското МНР

А1он

Претседателски избори во Романија

А1он

Уништени повеќе од десет руски дронови кои ноќеска го нападнаа Киев

А1он

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта