Москва воведува строга забрана

Од:

Московските власти воведоа ограничувања за објавување текстови, фотографии и видеа за последиците од терористичките напади, вклучително и нападите со беспилотни летала, објави веб-страницата на градоначалникот на Москва.

Целта е борба против лажните вести, според извадок од записникот на градската антитерористичка комисија, а ограничувањата не се однесуваат на информациите објавени од руското Министерство за одбрана, официјалната веб-страница на градоначалникот и владата на Москва или блогот на градоначалникот Сергеј Собјанин.

– Со ова се утврдува дека, сè додека не се донесе посебна одлука, на државните органи (вклучувајќи ги органите на федералната влада, градските власти на Москва и локалните самоуправи) и нивните подредени организации, медиумите, службите за итни случаи и другите организации и граѓаните им е забрането да шират информации (вклучително и преку интернет) за терористички акти извршени во градот Москва, вклучително и употреба на беспилотни летала и/или други средства за уништување, се наведува во документот.

Според одлуката, исто така е забрането ширење информации за дејствијата на саботажните и извидувачките групи на територијата на Москва и спроведување други дејствија на територијата на градот кои наводно имаат за цел да предизвикаат штета на животот и здравјето на граѓаните, или оштетување на имотот и критичната инфраструктура.

Исклучок се извештаите испратени до надлежните органи и службите за итни случаи, под услов тие да не се јавно објавени.

Казната за објавување информации за терористички напади и напади со беспилотни летала може да биде до 2.285 евра.

Москва беше цел на неколку напади со беспилотни летала во последните месеци, за кои руските власти во голема мера ја обвинуваат Украина.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Путин нема планови да разговара со американската делегација на форумот во Санкт Петербург

Москва: НАТО сака да ја потчини Србија и ги засилува напорите да ја привлече во својата орбита

Кремљ ѝ порачува на ЕУ: Ги преминавте сите црвени линии

Песков: Москва дава приоритет на мирното решение за Украина

Москва: Сè уште е далеку денот за повлекување на руските сили од Приднестровие

Москва: Платеници од Европа, Азија, Африка и Латинска Америка се борат за Украина