Москва: Вооружувањето на сириските бунтовници може да поттикне воено решение на сирискиот конфликт

Од:

Дополнително вооружување на сириската опозиција може само да поттикне воено решение на конфликтот што ќе биде деструктивно за земјата, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи.

Рекацијата на Москва се однесува на резултатите од средбата на „Групата пријатели на Сирија“, одржана во катарскиот главен град Доха.

– Очигледно е дека новото дополнително оружје, кое има ризик да заврши во рацете на терористи, може само да поттикне опозицијата кон воено решение на конфликтот што ќе биде деструктивно за Сирија, наведува Министерството.

Одлуката на меѓународните противници на режимот на Башар ал Асад да ги вооружат бунтовниците ќе ги наруши напорите за изнаоѓање на брзо политичко решение за конфликтот, оценува Москва.

Би можело да ве интересира

Падни пред нозете на Американците и капитулирај

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Украина: Русија сака да прогласи победа на 24 февруари

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Ројтерс: Русија би можела да и предаде на Украина замрзнати средства во вредност од 300 милијарди долари

Лавров: Помошта за Украина се обезбедува врз основа на кражба на руски имот и на штета на развојот